Владата денеска на седница ја разгледа и усвои Информацијата за потребните средства за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот, Југозападниот, во кој се наоѓаат Охрид и Струга и Полошкиот регион, соопштија од прес-службата на Владата.
Како што стои во соопштението Владата ги задолжи Министерството за финансии во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање да започнат постапка за обезбедување заем од меѓународни финансиски организации за воспоставување на регионални системи за управување со отпад во овие региони.
Проблемот со несоодветното третирање на отпадот во Охридскиот регио е нотиран и во Извештајот на УНЕСКО, кој постави рок за дислокација и санација на депонијата Буково, заклучно со 2020 година, но на овој план не е направено ништо.
OhridNews