Експерименти на американски научници од Универзитетот Пенсилванија укажуваат на можноста со користење на матични клетки во третирањето на ќелавоста
Како што пишува научниот часопис Nature Communications, тестирањата спроведени врз глувци потврдуваат дека со помош на матични клетки може да се регенерираат фоликулите кои се клучни за повторен раст на косата.

Истражувачите додаваат дека клучно било да се реши проблемот со производство на доволна количина матични клетки способни за трансформација во фоликули.
Според нивните зборови, постигнатиот напредок во користењето на матични клетки ќе најде своја примена и во развојот на нови постапки за заздравување на рани и некои козметички постапки.
Во новата студија се користени индуцирани плурипотентни матични клетки – “репрограмирани“ матични клетки кои имаат многу карактеристики на ембрионалните матични клетки.
Научниците напоменуваат дека допрва следат тестирања на новите методи врз луѓе.

извор: metro-portal.hr