Со Марш на мирот, во организација на Општинската организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и грѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Охрид, на 21 Септември ( понеделник), под мотото “Партнерство за мир – достоинство за сите” ќе се одбележи Денот на светскиот мир.

Маршот ќе започне во кругот на организацијата во 11 часот, ќе продолжи по Кејот Македонија се до градскиот плоштад, пред споменикот „ Св.Климент Охридски”, каде пред бистите на паднатите борци и илинденци ќе биде положено свежо цвеќе, а ќе биде прочитана и пораката на Генералниот секретар на ООН, Бан Ки-Мун. Пред присутните ќе се обратат претставник на локалната самоуправа на општина Охрид и Потпретседателот на СБ од Охрид и Дебрца, Никола Стефаноски.
   
Со Резолуција на Генералното собрание на ООН од 2001 година, 21 Септември е прогласен за Ден на светскиот мир. Резолуцијата ги обврзува сите земји и држави членки на ООН, редовно и секоја година, Денот на мирот да се одбележува со соодветни програми.

OhridNews