Со меѓународниот поетски митинг „Мостови“, синоќа во Струга, заврши официјалниот дел од годинешните јубилејни 55-ти Струшки вечери на поезијата. На канадската поетеса, романсиерка, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд и беше врачен „Златниот венец“, а доделени беа и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ на Иван Џепароски и на поетесата Руна Светликова од Белгија.
Во рамки на Струшките вечери на поезијата, денеска, на Матка ќе се одржи традиционалното Поетско матине, а организиран ќе биде и Поетски митинг на плоштадот „Македонија“ во близина на Камениот мост.
На 55-те СВП присуствуваа 32 поета од 30 земји.
OhridNews