На 21. и 22. на плоштадот кај Чинарот ке се одржи Фестивалот на сирење и вино. Од 20. до 30. Август ќе се одржи меѓународниот фолклорен фестивал „Охридско сонце“ чиј организатор е КУД „Македонка“ од Охрид. Во рамки на овој меѓународен фолклорен фестивал, ќе биде отворена охридската ликовна колонија која за прв пат се организира во Охрид и на која ќе творат односно учествуваат и уметници од странство.
Деталите за сите овие настани ќе бидат соопштени утре на средба со новинарите што ќе ја одржи градоначалникот Александар Петрески, на која ќе присуствуваат и претставници, учесници и носители на активностите сврзани со спомнатите манифестации.