Со поетското читање „Мостови” и врачување на наградитe, „Браќа Миладиновци” и „Мостови на Струга” вечер завршува 60. издание на меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата.   Јубилејното издание на најстарата поетска манифестација, се одржува под посебни протоколи за заштита на населението од Ковид – 19.

Поетските читања ќе се одржат на летната тераса во хотел „Дрим“, а не според традицијата на Мостот на поезијата. Поради пандемијата не присуствуваше ниту добитничката на Златниот венец, британската поетеса Керол Ен Дафи. Таа имаше видео обраќање и читање поезија преку он-лајн врска.

Поетите учесници, кои присуствуваат во Струга ќе го посетат Вевчани и Вевчанските извори. На манифестацјата учествуваа 30-тина поети, дел од нив пристигнаа во градот на поезијата, а дел читаа поезија преку видео врски.

OhridNews