Република Македонија односно Министерството за внатрешни работи склучи договори за реципрочно признавање на возачките дозволи со Италија, Шпанија, Албанија, Србија и Црна Гора.
Врз основа на Виенска конвенција за патен сообраќај од 1968 година, меѓусебно признавање на возачките дозволи има и со Бугарија, Хрватска, Словенија, Романија, Унгарија, Кралство Белгија, како и со Австрија (Б категорија), соопшти денеска МВР.
Во тек е постапка за договори за признавање на возачките дозволи и со Косово, Турција и Германија, а до останатите земји од Европа (32) е доставено барања за произнесување за реципрочно признавање на возачките дозволи согласно Виенската конвенција.
OhridNews