Еден маж кој прозорецот од својот стан го чистел од надворешната страна на 12-тиот кат, со лименка пиво во раката ги шокирал минувачите во Северна Австралија. Далтон Переира се враќал од работа и го забележал човекот.


Не му било јасно зошто излегол да го чисти прозорецот кога било толку опасно. Очигледно храброст му дало пивото. Тој дури и ја прескокнувал оградата за да може да дојде од едниот до другиот крај на прозорецот.