Охриѓанка од сограѓанин изнудила 44,9 милиони денари. Според МВР се работи за лихварска шема во која било инволвирано уште едно лице.
СВР Охрид поднел кривична пријава против 39-годишна охриѓанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила едно продолжено кривично дело „поттикнување“, а во врска со кривичното дело „лихварство“, како и против 35-годишен жител на Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „помагање“, а во врска со кривичното дело „лихварство.
Првопријавената во временскиот период од 2020 до 2024 година, со умисла поттикнувала, примала и за себе договарала несразмерна противправна имотна корист од жител од Охрид, при што од него изнудила 44.976.415 денари, кои ги префрлала на сопствена, но и на сметка на второпријавениот и уште едно лице од Охрид. Второпријавениот во периодот од 2020 до 2024 година, со умисла помагал, договарал, примал и посредувал за себе и за првопријавената противправна имотна корист од оштетеното лице, при што, од него биле изнудени 26.579.000 денари, соопшти МВР.
OhridNews
Фото: Илустрација