Американската полиција уапсила неименоуван маж кој со фалсификувани пари се обидел да купи лажни таблети “Oxy-Contin” од полицаец кој бил на тајна задача. Детективот Франк Роџерс рекол дека полицаецот се сретнал со неколку луѓе во куќа и се договорил со еден 21 годишник да му продаде 76 таблети за 3.500 долари.
Парите со кои момчето се обидело да плати биле фалсификувани. Некои банкноти дури биле испечатени само од една страна.