Повеќе од 30 затвореници во Гвинеја побегнале така што со лажици ископале дупка во ѕидот од затворот, кој го омекнал дождот, изјавиле локалните власти.


Големи дождови паѓале во југоисточниот град Зерикер, од чив затвор минатата недела побегнале 36 затвореници.

„Заклучивме дека затворениците, кога ѕидот станал влажен, користеле лажици за да ископаат дупка. Употребиле кебиќа и маици за да направат јаже со кое се спуштиле по ѕидот од затворот“, рекол еден од чуварите.