На една конференција на непрофитабилниот фонд ТЕД била демонстрирана прецизноста и убоитоста на ласер на комарец во лет. Ласерот го изумил американецот Натан Мирволд, а го направил од делови кои ги купил на интернет. Комарецот сеуште не сфатил што му се случило, а веќе бил паднат на земјата.
Помалку чудната идеја од која настанало ова оружје е да служи за контролирање на популацијата на комарци во неразвиените земји, со надеж дека со тоа ќе се намали смртноста од маларија и слични болести. Судејќи според виденото, ласерот е повеќе од способен да ги следи и убива комарците.