Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 50-годишно лице од струшкото село Подгорци.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, казненото дело го извршил на 30-ти минатиот месец во семејната куќа во селото кога, започнал вербална расправија со неговиот 38-годишен син, по што и физички го нападнал.

Во момент на видна агресивност, сега пријавениот извадил пиштол и со кундакот го удрил својот син во пределот на главата нанесувајќи му телесни повреди.

OhridNews