Советот на општина Охрид на 12 март ќе ја одржи четириесетата седница. На дневен ред се шеесеттина точки, најголем дел извештаи за работата на општинските одделенија и сектори, училишта и јавните претпријатија во изминатата година.
Советот ќе го разгледа и иавештајот за неговата работа во 2019 година.
Пред советниците ќе се најде и Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за кредитно задолжување на ЈП „Градски гробишта“ Охрид кај деловните банки за реализација на проект за инсталација на мрежно-поврзан фотоволтаичен систем за производство на електрична енергија за сопствени потреби.
Советот ќе се произнесе и по Предлог – програмата за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2020-2022, како и за Предлог-одлуката за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште.
OhridNews