Еден човек кој на кинеските медиуми се претставил како Кингдао, од провинцијата Шандонг, изнајмил крава, како би му го влечела автомобилот низ градот, откако локалниот застапник за БМВ неуспешно во неколку наврати го поправил неговиот автомобил.

Како што пренеле медиумите, скапоцените увозни марки автомобили застапниците во помалите кинески градови едноставно не знаат да ги поправат. Поради тоа, во знак на протест, човекот изнајмил крава да му го влече расипаното возило.