Голем можеби и најголем скандал одекна во Миравци, тим кој се натпреварува во Втората македонска лига. Досегашниот тренер Зоран Штерјовски доби отказ, а тој обелодени дека фудбалерите биле тепани од претседателот Васко Штерјов и дека за разделбата дознал од медиумите, а не од самото раководство.


Тој истакна дека првиот човек на клубот Штерјов на дуелот со Локомотива, кој тимот на Миравци не успеа да го добие физички го нападнал Томче Мижоров оти не му подавал на неговиот син Дарко, кој игра во нападот.

Ако ова што го зборува тренерот Штерјовски е вистина на потег е Фудбалската федерација на Македонија да го преиспита случајот и со помош на Минестерството за внатреши работи да го расчити бидејќи зелениот терен е за фудбалери, а не за боксери и насилници.

Мх.П.