Тања Ледгер (48) од Кројдон во Англија вработила 3D експерт кој на нејзиниот тревник ја реконструирал славната слика на Леонардо Да Винчи.
На Крис Најлор за уметничкото дело на трева му биле потребни два дена, а за изработката користел мала косилка и бројни градинарски помагала.
Уметничкото дело ќе обрасне за неколку недели, но тоа е она што го прави посебно. Градинарската уметност оваа година е мошне популарна во Британија.