Со концерт во Скопје на кој присуствуваа околу 10 000 фанови, а кој преку балканските телевизии го следеа околу 25 милиони гледачи беше прославен 29-тиот роденден на Тоше Проески. На концертот беше промовирана нова песна и спот од Тоше снимени непосредно пред трагичното загинување. Песната носи наслов „Још увјек сањам да смо заједно“ и е прекрасна балада која ќе ги стопли срцата на неговите обожаватели.

Концертот промовираше други композиции од Тоше кои ги исполнија балканските музички ѕвезди и пријатели на Тоше меѓу кои Аки Рахимовски, Калиопи, Борис Новковиќ, Бојан Маровиќ, Јелена Томашевиќ, Оливер Мандиќ, Беби Дол, Тони Цетински и Елена Ристеска.

 Специјални гости на концертот беа внукот на Тоше, Кристијан со членови од музичката секција од неговото училиште кои ја изведоа инструменталната верзија на „Цреша“. За крај, во чест на Тоше сите присутни во еден здив ја испеаја култната „Тајно моја“.  

Ohridnews