Утре, пред празникот, Советот на општината ќе одржи свечена седница по што ќе биде промовирана книгата „Охридско-преспански стопански хоризонти“ од м-р Јонче Филиповски. Истиот ден во Центарот за култура во Охрид ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
На 7. Ноември свеченостите продолжуваат со полагање свежо цвеќе во спомен-паркот на револуцијата, по што на плоштадот “Св. Климет Охридски“ ќе се одржи музички хепенинг во организација на здружението „Рибари“. На празникот свечено ќе биде предадена во употреба оранжеријата во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“.
Чествувањата ќе бидат заокружени со хуманитарниот концерт на маестро Симон Трпчески.