Со целовечерен концерт на КУД „Дримкол“ од Вевчани, синоќа во Вилнус, Литванија, заврши манифестацијата „Денови на македонска култура во Литванија“, на која беа презентирани македонскиот фолклор и традиција. Манифестацијата „Денови на македонската култура во Литванија“ ја организираше Европскиот универзитетот за хуманистички науки од Вилнус.
– Овој проект е резултат на соработката и пријателството со проф. д-р Надежда Черепан, редовен професор по културно наследство на Европскиот универзитет за хуманистички науки во Вилнус. Таа во последниве години редовно учествува на конференцијата за култура и туризам која се одржува во Охрид во организација на Институтот за социо-културна антропологија од Скопје. Таа е голем вљубеник во Македонија и македонското културно наследство и посака барем дел од истото да биде презентирано од страна на КУД „Дримкол“, во Вилнус. Македонскиот фолклор во Вилнус беше презентиран преку Вевчански изворни кореографии и преку сценски обработки од различни етнички предели на Македонија. Во рамките на овој проект свои настапи имаше и соло пеачот Викторија Чочороска, апсолвент на Академијата за музички уметноси во Скопје која изведе македонски традиционални изворни песни. – изјави м-р Тошо Чочороски, претседател на КУД „Дримкол”.
Во рамки на ова патување КУД „Дримкол” реализира и три концерти во градовите Здунска Вола и Ширац во Р. Полска и еден концерт во Стара Пазова во Р. Србија.
OhridNews