Со дефиле на фолклорниот ансамбл Бисери при Центар за култура „Григор прличев“ вечерва со почеток во 19 часот ќе започне годинешниот Балкански фестивал.
Свеченото отварање е предвидено во 20 часот во Центарот за култура каде концерт ќе одржи Националниот ансамбл на народни игри и песни од Македонија „Танец“.
Фестивалот е под покровителство на Собрание на Република Македонија и Министерство за култура на Република Македонија и ќе го отвори заменик претседателот на собранието на Македонија, Весел Мемети.
Во рамки на фестивалот кој ќе трае до 7-ми јули ќе настапат голем број фолклорни ансамбли од Македонија и други држави.
Во просториите на Центарот за култура во текот на деновите на фестивалот ќе се одржи Изложба на влашки народни носии од Доц. М-р Ванѓа Димитријева –Кузманоска, а ќе се одржи и Базар на локални занаетчии.
OhridNews