Проценката дека Охрид во приватното сместување располага со 20.000 кревети е паушала и не може да се потврди, затоа што не е извршена категоризација на сместувачеките капацитети, велат од општинската Комисија за категоризација.
Во моментов тече законскиот рок во кој граѓаните кои вршат угостителска дејност треба да ги пријават објектите кои ги издаваат на туристи, ни изјави Сашо Јованоски, претседател на Комисијата за категоризација. “Секој станоиздавач треба да поднесе барање за минимално технички услови и за категоризација, кое со таксена марка од 50 денари може да се подигне на шалтерите во локалната самоуправа. По поднесување на барањето Комисијата го информира барателот за терминот кога ќе биде извршено разгледување на сместувачките капацитети“, вели Јованоски.
Врз основа на проценката на условите за сместување ќе се врши категоризацијата на објектите за угостителска дејност. Апартманите ќе бидат категоризирани со четири ѕвезди, а петта ѕвезда ќе се добива за туристичка резиденција, додека собите, куќите и становите за одмор се категоризирани во две категории, стандард и комфорт, со една или две ѕвезди, објаснува Јованоски.
колку услови толку ѕвездички-соба во Охрид
Крајниот рок за пријавување на објектите е 1 март, по што Комисијата за категоризација ќе започне со проценка на сместувачките капацитети . Постапката треба да заврши до почетокот на главната сезона, а против сите станоиздавачи кои нема да ги пријават објектите, а истите имаат намера да ги издаваат на туристи, ќе бидат преземени соодветни законски мерки, најавува Јованоски.
една од малкуте категоризирани соби во градсот
Дури откако ќе биде извршена категопризацијата ќе можеме да соопштиме со колкав капацитет во приватното сместување располага Охрид, вели Јованоски. Не можеме да тврдиме дека Охрид има 20.000 кревети. “Сите кои имаат намера да се занимаваат со угостителска дејност треба да поднесат барање за регистрација со што ќе влезат во регистарот при локалната самоуправа, по што ќе го знаеме точниот број на легла во капацитетите кои легално ќе издаваат соби на туристи“, појаснува Јованоски.
прекрасен поглед од апртман во стариот дел на градот
Горан Момироски