Со почетокот на новата учебна година, Младински Совет Охрид продолжува со реализација на активностите од програмата за превенција од психоактивни супстанци – тутун, алкохол и дрога.
    
Едукативните работилници кои се дел од оваа програма оваа година ќе се реализираат во деветте основни училишта во општина Охрид. Едукациите се реализираат по принципот на врсничка едукација, за што во летниот период беа организирани 4 еднодневни обуки за 18 деца едукатори кои во изминатиот циклус беа логистичка поддршка на програмата.


Во првото полугодие од оваа учебна година ќе бидат реализирани 52 работилници на кои ќе се опфатат 530 ученици од осмио одделение. Исто така ќе бидат организирани и средби со наставници и родители.

Во рамките на програмата ќе се дистрибуираат едукативно промотивни материјали, ќе се организират, а ќе започне да функционира и интернет советувалиштето, информират од Младинскиот совет.

Ohridnews