Состојбата на граничните премини е катастрофална, смета Демократската обнова за Македонија. Оваа партија апелира до надлежните, пред стартот на туристичката сезона да преземат конкретни активности и влезовите во земјава да ги направи по европски терк.

Деталите за моменталнита состојба со граничните премини во Македонија ќе ќе бидат главна тема на денешната прес конференцја, која што во организација на ДОМ, ќе се одржи во Скопје. Од партијата  очекуваат дека државата ќе преземе соодветни мерки и дека барем малку ќе го  поправи првиот впечаток на туристите и намерниците кои доаѓаат или поминуваат низ Македонија.

ДОМ, како зелена партија која во своите програмски приоритети го има развојот на туризмот во Република Македонија, пред еден месец ја најави својата “Туристичка патрола” и побара од надлежните институции да сторат сè за да го подобрат впечатокот на туристите при влегување во земјава до почетокот на летната туристичка сезона.

OhridNews