Американка покрај потребната доза на кофеин добила и неочекувана состојка во утринското кафе. Од тамошниот завод за здравство изјавиле дека една жена, чиј идентитет не сакале да го откријат, пријавила дека има лилјак дома, но дека тоа не ја загрижувало премногу.
Го вклучила апаратот за кафе пред да легне, за кога ќе се разбуди кафето да и биде готово. Наредната вечер кога го чистела апаратот, го пронашла лилјакот во филтерот. Жената добила превентивен третман против беснило. Лилјакот бил однесен во лабораторија на тестирање, но мозокот му бил превриен за да се утврди дали имал беснило.