Работодавците кои навреме нема да ги подмират долговите за здравствени придонеси кон Фондот за здравствено осигурување, ќе бидат принудени ваквата обврска да ја подмираат со интервенција од страна на извршители и поднесување на тужби.

Во текот на 2009 година забележан е огромен пораст на тужбените барања што ги поднел Фондот за здравствено осигурување кон компании кои не уплатиле придонеси за здравствено осигурување. 
Тоа е показател дека дел од компаниите работеле во криза и не можеле да обезбедат пари за оваа давачка, но истовремено укажува и на тоа дека заврши времето кога таканаречените газди се богатеа на сметка на избегнување на давачките за придонеси, велат од Фондот.

Од Фондот за здравствено осигурување потенцираат дека од 2007 година до сега,  врз основ на неплатени придонеси, биле поднесени повеќе од 10.000 тужбени барања. 

Ohridnews