СВР Охрид поднесе кривична пријава против 52-годишен охриѓанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Како што информираат од МВР, во периодот од октомври 2019 до декември 2019, пријавениот противправно одзел банкарска дебитната картичка од лице од Охрид, по што неовластено навлегол во компјутерски систем со намера за искористување на неговите податоци. Во повеќе наврати, преку различни банкомати на подрачјето на Охрид и Скопје, подигнал вкупно 53.600 денари.
OhridNews