Со часови по аеробик, салса и зумба на кои учествуваа ученици од основните и средните училишта и под мототo „спорт, млади и доверба“ одбележан беше 20-годишниот јубилеј на сојузот за училиштен спорт во Охрид.


Во сојузот кој активно учествува и го следи охридскиот спорт членуваат професорите по Физичка култура и Образование од основните и средните училишта.


– Насмевките на учениците повеќе ни значат од нашето 20-годишни активно учествување во охридскиот спорт. Овој нам ни е голем јубилеј и од сега се подготвуваме за сребрениот јубилеј. – коментираа професорите по Физичка култура и Образование.

Учениците од часовите по аеробик, салса и зумба имаа само убави впечатоци. – Ова за нас е ново и незаборавно искуство. Презедаволни сме од часовите и во иднина ќе практикуваме повеќе да бидеме дел од вакви спортски манифестации.

Бирото за развој на образованието во Охрид во соработка со охридската Локална самоуправа на основните и средните училишта им доделија спортска опрема.

Мх.П.