Интернационалниот ден на фитнесот (24 септември) во Охрид ќе се одбележи со Планинарска тура до Елен Врв која ќе биде со хуманитарен карактер. Котизизацијата за учество е 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат уплатени на сметката од Трајан Целески-Тачо кој се лекува во странство.

Организиратор на еднодневната тура е Културолошката иницијатива 5 до 12. Збирно место за тргнување е кај скаличките наспроти бензиската пумпа Макпетрол. Водич на Планинарската тура ќе биде Дејан Ангелоски кој триумфираше на Галичица Треил.

OhridNews