Со свечен коктекл и хуманитарна аукција на уметнички слики, Лајонс клубот “Охрид ”  синоќа во х. „Дончо“ ја одбележа првата годишнина од постоењето. На свеченоста покрај членови на Лајонс клубот Охрид присуствуваа и гости од други Лајонс клубови од земјава и странство. Најголем дел од уметничките слики откупи претседателот на охридскиот Лајонс клуб, Павел Попоски, а собраните средства од аукцијата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Покрај аукцијата се одржа и крводарителска акција во која драгоцена течност даруваа повеќе членови на Лајонс клубот Охрид.


Лајонс клубот Охрид одбележа една година од постоењето

Охриднењс