Црвениот крст и оваа година ја спроведува акцијата „За посреќно детство“. Волонтери на организацијата деновиве крстарат низ градот и ја промовираат акцијата. Хуманите охриѓани за 30 денари можат да купат вредносен купон кој ќе учествува во јавното извлекување на награди што ќе се одржи на крајот од кампањата. Средставата од продажбата на купоните од спортско-рекреативната и хуманитарна акција „За посреќно детство“ ќе бидат употребени за опремување на Детското одделение при општата болница.


OhridNews