Гувернерот на московскиот регион ги посоветувал граѓаните кои се затечени од сообраќајните гужви да си купат хеликоптер. Рекол дека тој лета со хеликоптер и така ги избегнува сообраќајните метежи. Тешката ситуација со сообраќајот во Москва го натерала да реагира и претседателот Путин.


Руските офцијални лица ретко влегуваат во сообраќајните метежи бидејќи користат специјални возила со ротирачки средства кои имаат право и предност да се движат секаде каде сакаат. Гувернерот Громов изјавил дека во Москва има 400 хеликоптери во приватна сопственост, но испуштил да каже дека на истите не им е дозволено да летаат во московскиот воздушен простор.