Еден град во САД овие дена се бори против инвазијата од скакулци со многу гласно емитување на хард рок нумери. Жителите од Таскарора, Невада, ги извадиле своите стерео уреди и ги наместиле на локалната рок станица пуштајќи го гласот до максимум. Тоа е единствениот ефикасен начин кој го пронашле да ги спречат инсектите да се задржат во нивниот град.


Секоја година во овој период огромен број роеви од скакулци летаат во Невада во потрага за храна. Кога ги убиваат испуштаат многу непријатна миризба. Затоа жителите на овој град, наместо да ги убиваат решиле да ги избркаат.