Ѓумбирот е богат со етерични масла, витамин Б, калиум, манган, бакар и магнезиум. Коренот од ѓумбир веќе 2500 години се користи во Кина, Индија и другите земји во Азија како лек против мачнина, а неговите корисни ефекти врз здравјето е тешко да се набројат.
Коренот од ѓумбир е достапен свеж во својот облик, во прав, зашеќерен или закиселен. Кога и да е можно набавете свеж корен, а не сушен.При изборот проверете дали коренот е свеж.
Ѓумбирот е богат со џинџерола – природна состојка која ја подобрува работата на цревата. Токму поради тоа, оваа билка го олеснува и поттикнува варењето на храната, ја Ублажува надуеноста и желудочните тешкотии и спречува грчеви. Благодарение на поттикнување на лачењето на слуз, ѓумбирот спречува настанување на чир – оштетување на слузницата од желудникот.
Ѓумбирот има аналгетски, смирувачки и антибактериски својства, а поради антихистаминското дејство, се користи и во лечењето на алергии. Се применува кај лечење на ревматоиден артритис, остеоартритис и други болести на мускулно-скелетното и врзивното ткиво. Резултатите кај лечењето на артритис со ѓумбир ги надминуваат резултатите со лечење со конвенционални лекови.
извор:metro-portal.hr