На бразилските чувари на затворот во Марилиаи чудно им изгледале гулабите кои се мотале околу затворот. Растресените птици едвај балансирале трудејќи се да останат во воздух. На грбовите носеле мобилни телефони, дрога и други потребштини. Истренираните гулаби на затворениците им ја доставувале нарачаната роба. Ги хранеле и тренирале внатре во затворските зидови, а спиеле на затворскиот кров.


– Имаме суфистицирана опрема со која ги прегледуваме посетителите кои доаѓаат во затворот, но тие пронашле алтернативни патишта за шверц на мобилни и дрога, – рекол управникот на затворот. На чуварите им беше потребно доста време да приметат дека птиците со тешка мака летаат над затворот.