Шест дена исполнети со смеа и креативен хумор понуди зимскиот стендап маратон, што се одржува во култниот охридски клуб „Џез ин“.
Синоќа на програмата беше најдоброто од стендапот во Охрид. Одбраниот хумор измами многу насмевки и аплаузи, што само го потврдува квалитетот на локалната стендап сцена која расте изминатите неколку години.
Стендап маратонот завршува вечерва со гранд финале и стендап импровокација. Шоуто почнува во 20 часот.
Влезници за настанот може да се набават во „Зизи топ“ и на влезот во „Џез ин“.
OhridNews