Од 23.12.2018 - 22:00 до 24.12.2018 - 01:00

Охридскиот угостителски бренд „Кадмо“, на 23 декември, слави 12 години од постоењето.

Успешната приказна на „Кадмо“, препознатлив по одличните забави и концерти секогаш пропратени со голем број посетители, добро расположение и одлична музика, започна во 2006 година со отворање на барот „Кадмо“ во центарот на Охрид. Следеше отворањето на познатиот лаунџ бар веднаш до барот во стариот дел на Охрид, кој е познат по најиновативната кујна и извонредните специјалитети, по што „Кадмо“ стана надалеку познат во земјава, а потоа и на плажата „Кадмо“.

Дванаесеттиот роденден угостителски бренд „Кадмо“ ќе го одбележи во недела, 23 декември, со голема забава во барот во центарот на Охрид на која ќе настапат единствените и  оригинални „Броз“ чии свирки се шоу кое никого не остава рамнодушен, како и „Bettis boob’s“, „High4“ и „Kukuzel“.

Забавата почнува во 22 часот.

Големата роденденска забава, е само најава за богатата зимска програма во „Кадмо“ која ќе биде промовирана деновиве.

OhridNews