Традиционално, со голема модна фото сесија најпознатиот охридски бутик „Емили“ ги најавува најновите модели за колекцијата есен-зима. Прекрасните модни парчиња од машката и женска колекција, кои никого не оставаат рамнодушен, можат да се најдат во продавниците на овој препознатлив бренд, во ТЦ „Амам“ на кат во Охрид и спроти градскиот пазар во Струга.

За прекрасната шминка на моделите се погрижи мејкап студиото ”Ангела”.

Моделите кои ги следат најновите светски модни трендови, за фото сесијата ги носеа Марија Мојсоска, Елена Куртеска и Никола Грданов.

За беспрекорната и професионална реализација на модната фото сесија повторно се погрижи продукциската куќа „Мега Продукција“. Фотографиите се наменети за изработка на промотивниот материјал на „Емили“  и Фејсбукстраната на познатиот бутик.

ФОТО ГАЛЕРИЈА:

OhridNews