Еден 31-годишен британец бил осуден на 20 месеци затвор бидејќи со години лажел дека е полицаец. Лондонската полиција соопштила дека меѓу измамените била и неговата сопруга. Стјуарт Хауатсон во поканите за свадбата во 2006 година навел дека меѓу гостите ќе биде и поранешниот директор на Скотланд јард Џон Стивенс. Кога Стивенс не се појавил меѓу сватовите, Стјуарт рекол дека тоа е од безбедносни причини.


Наредните години во полициска униформа одржал предавање во едно училиште каде зборувал за задачите на полицајците и на децата им покажувал оружја кои се користат во полицијата. Уапсен е во 2008 година на основа на една анонимна дојава. Полицијата го пребарала неговиот стан и нашла повеќе полициски униформи.