Сопственикот на една пицерија во Апер Дерби, едно од предградијата на Филаделфија, се обидел да го уништи угледот на конкуренцијата со уфрлање глувци во нивните ресторани. Според медиумите, Николас Галијакатос се товари за сурово однесување кон животните, како и за некои други кршења на законите.
Уапсен бил откако вреќа со живи глувци ставил во тоалетот на соседната пицерија. Мислејќи дека станува збор за дрога, сопственикот на пицеријата повикал полиција и виновникот набрзо бил пронајден. Во соопштението било наведено дека станува збор за угостител кој и самиот има проблеми со глодари во сопствената пицерија. Во вреќата се наоѓале три бели глувци купени во една продавница за домашни миленичиња.