Во петокот околу 21.30 часот во
с.Скребатно – Охрид во непосредна близина на манастирот Св.Богородица,
Д.Ѓ.(19)од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со неовластено пукање од огнено оружје, соопшти МВР. Пријавениот  влегол во шаторот каде што престојувал и од огнено оружје – гасен
пиштол марка „Екол Сава Магнум“, испукал 3-4 куршуми.


Оружјето со потврда за
привремено одземени предмети е одземено и предадено на ОКТ при СВР-Охрид.
Против истиот е поднесена прекршочна пријава, информираат од МВР.


извор:МВР