Блиски, пријатели и голем број гости, меѓу кои и многу познати личности од јавниот живот присуствуваа на гала свадбата на директорот на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, Сашо Алчев и неговата избраничка од Србија Јелена, што се одржа синоќа во дискотеката „Парк“ Во Охрид. Свадбата на која настапија групите „Камелеон“ „Чардак“ и Ѓоко Танески младенците ја отворија со танц проследен со бенгалски огнови, по што следеше прекрасна забава до доцна во ноќта.
Екипата на „OhridNews“ им честита на младенците и им пожелува долг и среќен брак.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com