Според евиденциите на СВР Охрид, во периодот јуни,јули и август 2008 година, на подрачјето на Охрид, извршени се вкупно 237 кривични дела „Кражба“ 86 кражби по куќи и станови, 23 кражби во угостителски објекти и исто толку по плажте вдолж Охридската Ривиера, информираше полицијата.

Со цел да се намали бројот на ваквите кривични дела во шпицот на туристичката сезона, СВР Охрид го промовираше проектот „Да се заштитиме од кражби“.  Проектот има превентивно-едукативен карактер и неговата основна цел е подобрување на општата безбедносна состојба но и навремена превенција на граѓаните од сите безбедносни ризици поврзани со кражби по куќи и станови, кражби од возила, кражби по плажи , кражби во згодна прилика и на дрзок начин и други имотни деликти.

Имотните деликти се присутен проблем посебно во текот на летната туристичка сезона кога бројот на туристи неколку пати го зголемува бројот на жители во Охрид, со што се зголемуваат можностите за кражби на подрачјето.

Проектот е поддржан од Општина Охрид која финансиски го помогна печатење на 16 000 флаери со корисни совети и насоки за поефикасна заштита на личната сопственост од кражби. Со посредство на ОБСЕ, флаерите и другиот пропаганден материјал е испечатен и на англиски јазик. Нивното дистрибуирање до граѓаните, туристите, хотелско-угостителските објекти и другите целни групи ке оди преку велосипедската полициска патрола и другите поли- циски службеници, спасувачите на плажите и другите активисти на Црвениот крст, куќните совети, Советодавните групи на граѓани и други.

Ohridnews