Под мотото „ТИ СИ МОЕ СРЦЕ“ утре 01.03.2008 (сабота) Црвениот крст во соработка со Сојузот за училишен спорт Охрид и Младинскиот совет Охрид, организираат повеќе рекреативни активности по повод неделата на борба против срцево садови заболувања.
По тој повод ќе се одржи промоција на физичка активност-прошетка пеш, со велосипеди и слично, на патеката покрај езерото од Градското пристаниште до плажата Горица 3. Стартот е предвидено да биде во 10:00 ч. од паркот кај споменикот на Св.Кирил и Методиј. Во насока на промоција на здраво живеење за здраво срце на целта на паркингот кај плажата Горица 3., предвидено е да се реализиаат различни активности (квиз, аеробик, бадминтон, анкета, здравствени прегледи, совети од стручни лица и др.).
Здебеленост, неправилна исхрана, пушење и физичка неактивност се водечки причини за болестите на срцето и мозочните удари кои можат да се забележат на се помлада возраст. Срцево-садовите заболувања се водечка причина за смртност во светот. Според Светстката здравствена организација 17,5 милиони луѓе починале од срцево-садови заболувања во 2005 година, 7,6 милиони од нив се поради срцеви удари, а 5,7 милиони се должат на мозочните удари. Доколку не се превземат соодветни мерки до 2015 година, 20 милиони луѓе Ќе умираат од сцево-садови заболувања секоја година (главно од срцеви и мозочни удари). Според добиените статистички податоци за Македонија срцево-садовите заболувања, се водечка причина за смрт и кај нас (не само во секоја општина пооделно, туку и на ниво на државата).
ohridnews