Надоврешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, за сторено кривично дело “фалсификување на исправа“и  против едно лице од село Октиси, за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“.

Во текот на декември 2012 година, лице од Октиси  кое било на привремена работа во Швајцарија, контактирало со третопријавениот во врска со постапката за регистрација во Р. Македонија на патничко возило „Волксваген Голф“од Швајцарија, по што третопријавениот му побарал фотокопија од сообраќајната дозвола и иако знаел дека возилото не ги исполнува условите за регистрација во Р.Македонија контактирал со лице вработено во фирма за шпедиција и му ја доставило фотокопијата од сообраќајната дозвола од возилото.

По ова, набавиле фалсификувана сообраќајна дозвола и царинска декларација на име А.Н. и истата ја употребиле во Биро за метрологија за отварање на постапката за идентификација на возилото. Комплетната докуметација и возилото второпријавениот  му ги предал на третопријавениот исплаќајќи му парични средства во повисок износ од паричните средства потребни за постапка и документација обезбедена во законски рамки, по што целокупната документација прибавена со фалсификувани јавни исправи, пријавениот од Октиси ја употребил во прилог на барањето за регистрација на предметното возило во МВР Струга на име на барателот.

OhridNews