На 24.01.2020 во 10,00 часот на Граничниот премин aeродром “Свети Апостол Павле“ во Охрид, на излез од земјава од се пријавиле да патуваат Л.Д.(32), Л.М.(31), Н.Н.З.(32), Н.К.(19), Н.М.(45), Н.А.(47), Н.Х.(24) и двајца малолетници на возраст од шест и 14 години, сите со израелски патни исправи.
Од извршените проверки било константирано дека патните исправи биле фалсификувани. При преглед во нивните патни торби биле пронајдени нивните оргинални патни исправи при што било утврдено дека биле турски државјани.
Лицата биле приведени и предадени на полициски службеници за понатамошна постапка, информира МВР.
OhridNews