На граничниот премин “Свети Наум“ при излез од Македонија, вчера, при проверка на патничко моторно возило „Цитроен“ со албански национални ознаки, возачот-36-годишно лице од Албанија, приложило грчка возачка дозвола. Од страна на полициски службеници било констатирано дека е фалсификувана.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР-Охрид за понатамошна постапка.