Пушачите во Виена кои никако не можат или не сакаат да се одвикнат од цигарите ќе можат да уживаат во електронските цигари, а австриското министерство за здравство потврдило дека таквиот облик на уживање во цигарите не е опфатен со забраната за пушење која наскоро ќе стапи на сила во Австрија.


Од 1 јануари наредната година во Австрија ќе биде ограничено пушењето во угостителските објекти. Меѓутоа, неограничено ќе може да се пушат електронски цигари. Уживањето во нив не потпаѓа под забраната за пушење бидејќи не произведуваат чад.

Електронската цигара се состои од замена за тутун и батерија која ја загрева. Никотинот се ослободува со помош на испарување на течност, при што не се испуштаат штетни материи.

Освен цигарите, производителите нудат и електронски пури и лулиња кои делуваат на ист начин.