На трибината предавачи ќе бидат д-р Дева Петрова специјалист онколог од Универзитетската клиника за радиологија и онкологија-Скопје која ќе говори за превенција, скрининг, дијагностика и современа терапија за ракот на дојка и д-р Билјана Гроздановска-специјалист онколог на одделот за тумори на дигестивниот тракт на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија-Скопје која ќе говори за превенција,скрининг,дијагностика и современа терапија за ракот на дебело црево кај мажите и жените.
На трибината свое обраќање ќе имаат и претседателот на „Животна искра“ Виолета Томовска и потпретседателите на здружението Теута Крашница-Чучкова и Емине Адеми.
Трибината започнува во 18 часот.