Насилството меѓу адолесцентите „Темната страна на љубовта“ е  тема на новиот проект на Младиснкиот Совет -Охрид, што со реализација ќе отпочне утре. Долгорочна цел на проектот е превенција од насилството помеѓу младите,  создавање на услови погодни за почитување на човековите права и унапредување на родовата рамноправност. Преку проектот младите ќе се информираат за причините и последиците од насилството во врска, и ќе им бидат презентирани повеќе техники за препознавање на насилството, и унапредување на вештини потребни за остварување на квалитетни врски

Со проектот ќе бидат опфатени ученици од средните училишта во Охрид, Струга и Ресен, на возраст од 15 до 18 години, како и родители, наставници и невладини организации. Ќе биде подготвен и испечатен прирачник за едукатори кој ќе содржи  програма за превенција и едукација за насилство во адолесцентните врски, како и  брошурка ,,Темната страна на љубовта,“ која ќе опишува  љубовната врска на двајца млади адолесценти и проблемите  во нивната врска. Исто така ќе биде организиран и семинар на кој учество ќе земат  20 преставници од младински невладини организации од Охрид, Струга, Ресен и Битола.

ohridnews